1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И официјално почна изборната кампања

Александар Чомовски16 јуни 2006

Посебно се конфронтирани партиите во албанскиот политички блок во Македонија

https://p.dw.com/p/AddU
Фотографија: DW

Владеачката коалиција околу СДСМ одржа митинг на Градскиот стадион во Скопје.ВМРО ДМПНЕ традиционално ја стартуваше изборната кампања од Охрид.Но,почетокот на изборната кампања впечатливо е сконцентрирана околу случувањата кај политичките партии на Албанците во Македонија и нивниот електорат.Таму се случи невообичаен почеток на изборната кампања-беа демолирани неколку партиски штабови на владеачката ДУИ во места каде доминира влијанието на опозиционата ДПА,но во Чаир беше обратно.Не се ни исуши мастилото од потписите за Кодексот за фер избори, и очигледно е дека лидерите не се гаранти дека методите на насилство нема да се користат и на овие парламентарни избори.Но,конфронтациите не се само физички,остра вербална расправа се водеше и на македонската ТВ Алсат меѓу замениците министри за внатрешни работи,поранешниот ,Елмази од ДПА и сегашниот Бехари од ДУИ.Жестокоста на тонот и меѓусебните обвинувања беа предизвикани од темата за која што спореа,а беше наметната од нивните партиски шефови,дали е точно дека во 2001 година,за време на воениот конфликт,припадници на ОНА,по директива на командантот Али Ахмети во Албанија физички малтретирале и ликвидирале Албанци од Македонија што биле симпатизери на ДПА.ТВ соочувањето за дел од војната во 2001 година,само е индикација дека во албанските средини ќе се врати темата за мотивите,жртвите од воените конфликти и посебно реализацијата на Рамковниот договор.За владеачката ДУИ Охридскиот договор е реализиран за само четири години.Наспроти ова ДПА промовира изборна програма за одбрана на интересите на Албанците во Македонија.Ако тие не се прифатат,ДПА нема да коалицира ни со СДСМ,ни со ВМРО ДПМНЕ,рече синоќа Мендух Тачи на митингот во Тетово.Тачи посебно го поздрави Агим Красниќи,тој е еден од тројцата поранешни влијателни борци на ОНА,кој политички се разиде со водачот Али Ахмети и ДУИ и преминаа во опозиционата ДПА.

Но,има уште една видлива разлика,додека опозиционата ДПА се активира со екс команданти на ОНА,Ахмети во Скопје го претстави Цане Арсовски како пратенички кандидат на неговата ДУИ и тоа во изборната единица каде што доминираат Македонци.

Тоа е доказ дека не го сакаме концептот на Георгиевски и Џафери за поделба на Македонија,рече Ахмети на синоќешната изборна конференција на ДУИ во Скопје,партија околу која с еформира изборна коалиција со ПДП и Лигата на Бошњаците.