Ишингер се среќава со Коштуница
4 септември 2007Реклама
ЕУ претставникот во Тројката за Косово,Волфганг Ишингер и денеска ја продолжува посетата на Белград каде со српските власти договара детали околу идниот тек на преговорите со Приштина. Тој денеска се среќава и со премиерот Коштуница. Претседателот на Србија, Борис Тадиќ, по вчерашната средба со Ишингер, нагласи дека е неопходно што поскоро да започнат директни преговори меѓу Белград и Приштина за решавање на статусот на Косово. Според министерот за Косово и Метохија Слободан Самарџиќ, пак, потврдена е средбата на двете делегации на маргините на Генералното Собрание на ОН во Њујорк.