1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ишингер, потребен е позитивен сигнал за Србија

11 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bp6n

Претставникот на ЕУ во преговорите за Косово, Волфганг Ишингер смета дека Брисел треба да испрати позитивен сигнал на Србија во врска со нејзиниот процес на евроинтеграција. Ишингер смета дека Белград во никој случај не треба да биде ставен во позиција да одлучува меѓу приближувањето кон ЕУ и Косово. Рускиот претставник Александар Боцан Харченко во меѓувреме ги демантираше информациите дека преговорите меѓу Белград и Приштина ќе завршат на почетокот на декември, како и најавите за организирање на меѓународна конференција за Косово слична на онаа од Дејтон. Харченко нагласува дека Русија не го омекнала својот став и додаде дека преговорите за идниот статус на Косово треба да траат се додека не се постигне компромис меѓу србите и албанците, како основа за траен мир на балканот.