1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Италија усвои пакет мерки за економски раст

СН/дв5 октомври 2012

Владата на, од криза загрозната членка на еврозоната, Италија, усвои пакет мерки за поттикнување на економскиот раст во земјата тежок милиони евра. Покрај тоа се предлага и граница за платите на политичарите.

https://p.dw.com/p/16Kv7
Фотографија: DW

Кабинетот на премиерот Марио Монти во Рим даде согласност за пакетот „Економски раст 2.0“, кој особено треба да ја поттикне дигитализацијата на земјата. Тој предвидува вложување на 150 милиони евра за изградба на брза интернет мрежа, чиј недостаток е една од причините за слабата економија во Италија, сметаат во експертската влада на Монти.

Парите треба да бидат вложени пред се’ во централниот и во северниот дел на земјата. За помалку развиениот јужен дел на Италија, владата веќе вети вложувања во вредност од 600 милиони евра. Освен тоа, Монти поднесе и предлог-закон, кој предвидува ограничување на платите и примањата на политичарите и претставниците на регионалните совети.