1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Исчезна патнички авион Боинг 737 во Индонезија

ЖА / агенции
9 јануари 2021

Индонезиската авиокомпанија СривиџајаЕр денеска кратко по полетувањето загубила контакт со патнички авион. Најдени се остатоци во морето, но не е потврдено дали потекнуваат од авионот.

https://p.dw.com/p/3nixl
Indonesien Jakarta 2018 | Sriwijaya Air Boeing 737
Фотографија: Markus Mainka/picture alliance

Авион од моделот Боинг 737-500, кратко по полетувањето од аеродромот од Џакарта, на лет кон Понтијак, на островот Борнео, попладнето по локално време исчезнал од радарите, соопшти индонезиското Министерство за сообраќај. Претходно авионот, според веб-страницата ФлајтРадар24, драматично губел височина, четири минути по полетувањето загубил 3.000 метри. Боингот 757 бил стар 27 години, а ТВ Метро објави дека во него се наоѓале 65 патници, меѓу кои и седум деца и шест членови на екипажот.

Претставник на индонезиската агенција за спасување изјавил дека рибари нашле метални делови во морето близу островот Јава, но не е потврдено дали тие потекнуваат од исчезнатиот авион.

Расте притисокот врз Боинг

Нискобуџетната авиокомпанија СривиџајаЕр, основана во 2003 година, во својата флота има само авиони Боинг 737, располага со 18 машини од сериите 737-500, 737-800 и 737-900 ЕР.

Во октомври во Индонезија се случи тешка авионска несреќа во која животот го загубија 189 луѓе, кога авион Боинг 737 Макс на Лајон Ер се урна непосредно по полетувањето. Овој пад, како и еден натамошен во Етиопија, доведоа до забрана за летање на авионите 737 Макс и казна од милијарди долари за Боинг поради затајување информации околу софтверски безбедносни проблеми пред надзорните власти.