1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Истрагата за транспортот на оружјето продолжува

Александар Чомовски20 декември 2006

За транспортот на оружјето не биле информирани началникиот на Генералштабот на АРМ и министерот за одбрана. Опозицијата бара одговорнст на владата.

https://p.dw.com/p/AdaK

Македонската армија не се занимава со шверц на оружје. И во последните од трите конвои кон Бугарија бил товарен дел од арсеналот кој не се користи или не е според стандардите на НАТО.

Оваа категорична оценка по втор пат за последниве пет дена ја соопштува инаку молчеливиот началник на Генералаштабот на АРМ Мирослав Стојановски „За случајот за кој сега ве информирам и јас не бев информиран од командантот на командата за логистичка поддршка, на 14. 12 кога целиот овој настан се случувал дојдовме до проценка и заклучок дека дел од средствата без оглед на тоа дали се работи за средства какви што беа најдени во транспортото или се работи за употребувани, (..) се најдоа на списокот за оттуѓување.“

Генералот Стојановски сепак признава дека ниту тој ниту новиот министер за одбрана Лазар Еленовски не биле информирани зошто е сменет датумот на транспортот со трите бугарски камиони што ги опретреспа и пресретнаа полициските специјалци. Возачите и еден од менаџерите од Бугарија сеуште се во притвор. Засега никој од македонските инволвирани личности не се наоѓа во затвор иако истрагата е во тек, и тоа се бара од разрешениот полковник за логистика Шкодровски.

Притоа е нејасно зошто е изведен мистериозен транспорт на оружје, без придружба од Скопје кон границата со Бугарија. Опозицијата се сомнева во меѓусеби подметнувања на македонските тајни служби. Сашо Мијалков, сега шеф на полициското контраразузнавање, претходно пред четири години беше координатор на военото разузнавање во Министерството за одбрана во владата на Љупчо Георгиевски

„Дел од разузнавачките структури, кои поминаа сега на работа во Управата за безбедност и контраразузнавање, со дел што останаа внатре ја имаат организирано целата оваа работа.“ вели Есад Рахиќ СДСМ претседател на парламентарнтата комсија за контрола на трите одделни разузнавачки служби.

За нивното обединување се залага новата влада, а се спротивставува претседателот Бранко Црвенковски „Јас го делам мислењето за сериозна реформа на безбедносниот односно разузнавачкиот сектор. Имајќи предвид дека имаме три служби кои работеа помалку или повеќе ефикансо.“ оценува министерот за одбрана Лазар Еленовски

Претседателот на Македонија и врховен командант на АРМ Бранко Црвенковски ја добил информацијата за аферата со последниот илегален конвој на оружје кон Бугарија. Од кабинетот на Црвенковски засега не гледаат причина за свикување на Советот за безбдност. Опозицијата бара одговорност од владата поради целата афера кога полицијата заплени три камиони со армиско вооружување излезено од скопската касарна Гоце Делчев на пат кон Бугарија.