1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Историска посета на папата Бенедикт 16-ти

19 август 2005

Историски говор на Папата Бенедикт 16-ти во Kелн – во еврејската синагога, каде ова е прва посета на еден папа тој побара христијаните и евреите заеднички да се борат за подобар свет. Присутните долго му аплаудираа, а претседателот на Централниот совет на Евреите, Паул Шпигел оцени дека е ова повеќе од гест на помирување. Пред посетата на синагогата, папата беше во Бон на разговори со германскиот прет

https://p.dw.com/p/AcDE
Фотографија: AP

�едател, Хорст Келер.

“Шалом лехем!“

Поздрав на еврејски на папата Бенедикт 16-ти, за присутните во еврејската синагога денеска во Келн. Впечатлив знак на намерите на Светиот отец – тој е првиот германски папа што посетил една синагога. Бенедикт 16-ти сака продлабочување на дијалогот меѓу религиите, сака приближување на католиците и евреите, на католиците и луѓето со други конфесии. Папата Германец во еврејската синагога денеска потсети на жртвите на националсоцијализмот:

“Годинава се одбележуваат 60 години од ослободувањето од национал-социјалистичките концентрациони логори, во чии гасни комори милиони Евреи – мажи, жени, деца - беа убиени и изгорени во крематориуми. Се приклучувам на она што мојот почитуван претходник го напиша по повод 60 годишнината од ослободувањето на Аушвиц и велам: Страшните настани од тоа време мора да го разбудат нашиот разум, да им стават крај на конфликтите и да опоменат дека е потребен мир. “

Папата ги повика христијаните и евреите да се запознаат повеќе и подобро и во иднина да се залагаат заедно за мир и праведност.

Говорот на папата ми остави длабок впечаток, изјави претседателот на Централниот совет на Евреите во Германија, Паул Шпигел.

“Важно е да се има предвид дека е ова историски настан, верувам настан на кој ќе се сеќаваат и идните генерации – првпат еден папа посетил синагога во Германија. И, кога се знае дека е тоа германски папа, кога се знае и се има предвид она што овде се случуваше пред 60 години, тогаш е ова навистина повеќе од гест на помирување. Ова е навистина нешто историско и верувам и убеден сум дека од овде произлегуваат сигнали за нашата заедничка иднина.“

Во синагогата, папата пристигна од Бон, каде претпладнево во вилата Хамершмит разговараше со германскиот претседател Келер. Бончани се радуваат на неговата посета, зашто покрај важноста на гостинот и на целиот настан, ним конечно накратко им се врати чувството како кога живееја во главниот град на Германија. Хеликоптери над градот, затворени автопати и улици во градот, насекаде тешко вооружени полицајци. Ваква вонредна состојба, градот не доживеал уште од времето кога Клинтон во 1999 година беше во Бон.

Граѓаните се надеваа дека папата ќе излезе од својот автомобил. Но, можност за тоа имаа само оние што денеска беа пред вилата Хамершмит. Пред да влезе на разговори со Келер, папата делуваше добро расположен.

Посетата во Хамершмит имаше пред се протоколарна природа. Впишување во книгата на гостите, по што папата и претседателот разговараа во четири очи. Теми притоа– првите впечатоци од Светскиот ден на младите, ситуацијата на младите и глобализацијата. Луѓето од опкружувањето на папата велат дека се добива впечаток оти хемијата меѓу двајцата одговара. На крајот на средбата - размена на подароци. И, повторно влегување во лимузината во насока на Келн. Семејството Лонер од Бон, неколку часа чекаше на еден од мостовите на Рајна за да го види папата. Со нив е и нивниот седумгодишен син Бенедикт, на чиј плакат пишува: “Бенедикт (7) го поздравува Бенедикт (16)“. Тој е задоволен со кусиот поглед врз автомобилот на папата и додава дека уште по неговиот избор му напишал картичка во која стоело дека му е истоименик, но дека за разлика од Рацингер, тој името Бенедикт го носи веќе седум години.