1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Исламистите сакаат да го нападнат Багдад

ЕМФ/ард12 јуни 2014

Ирачкиот парламент денеска (12.06) расправа за прогласување вонредна состојба во земјата. Тоа го бара премиерот Нури ал-Малики, за да добие повеќе овластувања во конфликтот со радикалните исламисти.

https://p.dw.com/p/1CH2k
Фотографија: AFP/Getty Images

Џихадистите во Ирак по офанзивата на северот на земјата имаат намера да се упатат во насока на Багдад. Американската фирма СИТЕ, специјализирана за надгледување на исламистички интернет страници, соопшти дека портпарол на џихадистичката група Исламска држава во Ирак и Левант најавил оти наскоро ќе има борби во Багдад и Кербела. „Борба се‘ уште нема, но ќе татни во Багдад и Кербела“, рекол портпаролот Абу Мохамед ал Аднани во аудио порака раширена преку социјалната мрежа Твитер.

Исламистичките борци во вторникот (10.06) прво речиси без борба ја зазедоа метрополата Мосул, на северот на Ирак, а во текот на вчерашниот ден (11.06) трупите напредуваа се‘ до Самара, на околу 130 километри северно од Багдад. Попат беа освоени регионите Нинива, Анбар и Салах ал-Дин.

Nuri al-Maliki Ministerpräsident Irak
Премиерот Нури ал-Малики бара воведување вонредна состојба во земјатаФотографија: picture-alliance/dpa

Противречни информации вчеравечер имаше околу состојбата во Баиџи и Тикрит, родниот град на поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин. Државната телевизија во Ирак јави дека владините сили ја повратиле контролата врз стратешки важните градови, но на други медиуми претходно одеа информации дека тие се во рацете на бунтовниците.

Советот за безбедност ги осудува нападите на исламистите

Советот за безбедност на ОН ја осуди офанзивата на исламистите и нападот врз Мосул, од каде побегнаа стотици илјади жители. Советот, освен тоа, побара веднаш да бидат ослободени турските заложници кои се во рацете на терористите по нападот врз турскиот конзулат во Мосул.

UN Sicherheitsrat Resolution Syrien 22.5.2014
СБ на ОН ја осуди офанзивата на исламиститеФотографија: picture-alliance/dpa

Турскиот министер за надворешни работи Ахмед Давутоглу ги предупреди екстремистите да не ги чепкаат заложниците, чиј број, како што во меѓувреме е соопштено, е околу 80. Никој не треба да ја става на тест силата на Турција, рече тој. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изјави дека вакви напади не можат да се оправдаат со ништо и ја повика меѓународната заедница на солидарност со Багдад.

Предупредување за Германците

Во меѓувреме, Министерството за надворешни работи во Берлин ги повика германските граѓани кои се наоѓаат во Ирак да ги напуштат веднаш провинциите Нинива, Анбар и Салах ал-Дин. Според министерството, проценката е дека напади и борби ќе има и натаму. Состојбата во провинциите Дијала и Киркук, на североисток на земјата, е исто така исклучително загрижувачка, се вели во предупредувањето.

Багдад барал помош од Вашингтон

Американските медиуми известуваат дека владата во Багдад побарала од САД поддршка во борбата против екстремистите. Уште во текот на минатата година САД им ветиле на Ирачаните ракети, тенкови, борбени авиони и муниција во борбата против терористите.

Bildergalerie Massenauswanderung nach Kurdistan-Irak wegen Daaisch
Бегалци од ирачката провинција Нинива на пат за КурдистанФотографија: Getty Images/Afp//Safin Hamed

Телевизијата Си-Ен-Ен јави дека САД ја проценуваат состојбата како многу акутна и размислуваат каква дополнителна помош би можела да биде пружена. Пред само еден месец такво нешто бил одбиено, пишува „Њујорк тајмс“. Сега, меѓутоа, очигледно се размислува за напади со беспилотни летала против радикалните исламисти, пишува „Вашингтон пост“. Сепак, одлука за такво нешто се‘ уште не е донесена.

Многу сунити во Ирак се чувствуваат запоставени од страна на владата во Багдад, каде доминираат шиитите. Веднаш по повлекувањето на Американците во декември 2011 година земјата беше зафатена од бран насилство меѓу сунитите и шиите.