1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Исклучени кандидати од локалните избори во Баскија

6 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag7D

Уставниот суд на Шпанија донесе одлука да исклучи стотици кандидати од локалните избори во Баскија. Ним им се префрлува дека се блиски до баскиската подземна организација ЕТА. Локалните избори се оддржуваат на 27 мај. ЕТА речиси 40 години се бори за независна Баскија. Притоа повеќе од 800 луѓе го загубија животот.