1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран ја обвинува МААЕ за саботажа

ЕМФ/дв18 септември 2012

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон денеска (18.09) во Истанбул води разговори со иранскиот преговарач во атомскиот спор Саид Џалили. Иран ја обвинува МААЕ за саботажа.

https://p.dw.com/p/16AoN
Фотографија: AP

Кетрин Ештон, по налог на петте сили со право на вето во Советот за безбедност и Германија, ќе направи напор (фотографија горе: Ештон и Џалили на една од нивните претходни средби) да им даде полет на преговорите околу нуклеарната програма на Иран.

Пред почетокот на новите разговори, владата во Техеран остро ја критикуваше Меѓународната агенција за атомска енергија. Шефот на иранската атомска програма Фереидун Абаси ги обвини атомските власи за саботажа. Како пример тој го наведе инцидентот што се случил во подземната атомска постројка Фордо, при што во август експлодирале кабли за струја. Целта на нападот, според Иран, била да се уништат центрифугите за облагородување ураниум. Наредниот ден нуклеарните инспектори на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) барале да извршат инспекција. „Дали посетата беше поврзана со детонацијата?“, праша Абаси.

Porträt Fereidun Abbasi-Dawani
Фереидун Абаси обвинува за саботажаФотографија: picture-alliance/dpa

Меѓународните атомски власти и Западот го сомничат Иран дека работи на создавање атомско оружје, што од страна на Техеран се демантира.

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера изјави дека во спорот околу иранската атомска програма има простор за да се најде решение по пат на преговори. Истовремено, таа нагласи дека атомско вооружување на Иран е неприфатливо.