Иран успеа да облагороди ураниум
12 април 2006Иранскиот претседател, Махмуд Ахмадинеџад, уште во понеделникот таинствено најави дека на народот набргу ќе му соопшти добри вести. Вчеравечер, во еден говор во градот Машад, тој ги потврди гласините дека на неговите научници им успеало обалгородувањето ураниум, и тоа во концентрација од 3,5%. Тоа би било доволно за ставање во погон на една атомска централа. За изградба на една атомска бомба е потребна многу поголема концентрација на облагороден ураниум.
Раководителот на иранските атомски истражувања, Голам Реза Агасадек, соопшти дека облагородувањето почнало во централата Натанс, во централен Иран. Ахмадинеџад гордо соопшти:
“Официјално ви соопштувам дека нашата сакана татковина Иран им се приклучи на нуклеарните земји.“
Тој истовремено нагласи дека Иран ќе продолжи со нуклеарната програма под надзор на ИАЕА и соодветно на правилата на Договорот за неширење на нуклеарно оружје.
“Нашата нација не ја црпи силата од нуклеарните арсенали. Изворот на нашата сила многу повеќе се силата на нашата нација и длабочината на нашата вера.“