1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран и’ се заканува на Европа поради нафтеното ембарго

АТ/ дв/ дапд2 јули 2012

Иран се закани со возвратни мерки, откако стапи во сила нафтеното емарго на ЕУ за оваа земја.

https://p.dw.com/p/15P98
Фотографија: picture-alliance/dpa

Гувернерот на иранската централна банка Махмуд Бахмани изјави дека Иран ќе ги спроведе своите планови за одбрана од санкциите и дека ќе одговори на ваквата „злонамерна политика“. Последиците од бојкотот за Иран се тешки, но земјата има девизни резерви од 150 милијарди долари.

Иранскиoт министер за нафта Ростам Касеми изјави дека со ембаргото Европа самата ќе си наштети, оти на тој начин ќе се покачи цената на нафтата. Истовремено Иран најави воени ракетни тестови и го предупреди Израел од напад врз иранските атомски постројки. Од денеска револуционерите гарди ќе изведат тридневни воени маневри со ракети земја-земја, јави државната новинска агенција Ирна.

Официјален Вашингтон и неговите сојузници се сомневаат дека под превезот на цивилно користење на атомска енергија Иран работи на нуклеарно вооружување. Иран ги отрфрла ваквите обвинувања.

Од 1. јули е забранет увозот на нафта од Иран во ЕУ. САД и ЕУ со ваквите мерки сакаат да го придвижат Иран да се откаже од својата атомска програма.