1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран и Саудиска Арабија - ривали во сирискиот конфликт

Али Садрезадех / Симе Недевски23 август 2012

Иран и Саудиска Арабија веќе долго се борат за превласт во арапскиот свет. Сега во таа борба за превласт ја користат и војната во Сирија.

https://p.dw.com/p/15vQc
Фотографија: REUTERS

На неодамнешниот состанок на врвот на Организацијата на исламска соработка (ОИЦ) ривалите за превласт во исламскиот свет, Иран и Саудиска Арабија, се обидуваа да остават впечаток на хармонија. Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад седеше покрај домаќинот, саудискиот крал Абдула. Гостинот од Техеран во својот говор истакна дека исламските земји имаат повеќе заднички работи, отколку нешта што ги разликуваат: заедничка вера, еден божји пратеник и заедничка света книга.

Ахмадинеџад нема влијание

Меѓутоа, ни почесното место покрај кралот и помирливите тонови на Ахмадинеџад, ниту пак острите дебати зад затворени врати, не можеа да влијаат на резулататот на самитот. Сирија е исклучена од Организацијата, што значи дека најдобриот и најважниот сириски сојузник во религијата и меѓу исламските земји, Иран, претрпе политички пораз.

Ахмадинеџад не ни очекуваше дека може да се спречи анти-сириската резолуција. „Единствено јас гласав против“, рече враќајки се во Иран. Причината за неуспехот на Ахмадинеџад во Мека е тоа што се ближи крајот на неговата ера, што на Саудијците им е познато. Тој, навистина, до следната пролет останува претседател, но повеќе нема големо влијание врз судбоносните прашања за исламската република, како што е нуклеарната програма и врските со Сирија. Саудијците знаат дека религиозниот револуционерен водач Али Хамнеи е оној кој ја одредува насоката на политиката во Техеран, а тоа е насока на конфронтација.

САД се загрижени

Старото ривалство помеѓу Иран и Саудијска Арабија, односно големото прашање кој ќе го води исламскиот свет - токму за тоа, покрај другото, се одлучува на сириска почва. Неофицијалната војна помеѓу Иран и Саудијска Арабија, преку Сирија, е во центарот на вниманието од почетокот на август, кога во Дамаск беа киднапирани 48 Иранци. Откако јавноста дозна за киднапирањето, иранското министерство за надворешни работи соопшти дека станува збор за безопасни аџии. Неколку часа подоцна одговорност за киднапирањето презема про-саудиска сунитска група бунтовници од Дамаск. Претставникот на бунтовниците на една видео снимка ги покажа документите на заложниците со кои сакаше да докаже дека тие не се аџии, туку членови на иранската Револуционерна гарда. Револуционерната гарда никогаш не го негирала својот ангажман во Сирија. Дотолку повеќе, командантот на гардата, генералот Исмаил Гани, изјави дека е горд и оти неговата земја му дава поддршка на отпорот против Израел, па затоа и ја поддржува Сирија.

САД, во меѓувреме, сметаат дека Иран со формирањето на парамилиција во Сирија се обидува да го поддржи режимот на претседателот Асад. Бидејќи како што е објавено во Вашингтон, барем неколку од киднапираните аџии навистина се припадници на елитната воена единица на Републикансата гарда, која е специјализирана за акции во странство. Американскиот министер за одбрана Леон Панета изјави дека е загрижен поради развојот на ситуацијата. Тој побара од Иран да не се меша во конфликтот. Во исто време нагласи дека сојузниците на САД во регионот ќе и‘ помогнат на сириската опозиција. Тоа беше скриена индикација за доставувањето оружје преку Турција, Катар и Саудиска Арабија.

Syrien Demonstration gegen Präsident Bashar Assad in Damaskus Vorort
Фотографија: dapd