Иран ги осуди американските планинари на 8 години затвор
20 август 2011„Според информациите добиени од судки извори, Шејн Бауер и Џош Фатал, двајцата притворени Американци се осудени на три годишна затворска казна за нелегално влегување во Исламската Република Иран“, пишува на интернет страницата на државната иранска телевизија.
Понатаму се вели дека на секој од двајцата Американци им биле досудени уште пет години затвор за обвинувањата за шпионажа за тајните служби на САД.
Адвокатот на осудените Масуд Шафи за агенцијата Франс прес изјави дека не бил информиран за каква било судска одлука по крајот на процесот на 31 јули годинава.
28- годишните Бауер и Фатал беа уапсени на иранска територија во делот на неодбележаната граница меѓу Ирак и Иран на 31 јули 2009 година. Тие тврдеа дека планинареле во северната ирачка провинција Курдистан и дека незнаејќи ја минале границата кон Исламската Република.
Автор:СН/ЖА/афп/ртр
Редактор: Жана Ацеска