1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иранската „Махан Ер“ веќе не смее да лета кон Германија

СН/ агенции
21 јануари 2019

Германија ѝ забрани употреба на своите аеродроми на иранската авиокомпанија Махан Ер. Германската забрана оди чекор натаму од санкциите на ЕУ против Техеран поради наводни активности за елиминација на дисиденти во Европа

https://p.dw.com/p/3Bu6u
Mahan Air Airbus A340 Flugzeug
Фотографија: picture-alliance/M. Mainka

Германската сојузна канцеларија за авијација ја укина издадената дозвола за користење на германските аеродроми на иранската авиокомпанија „Махан Ер“.

„Според ставот на германската влада овој чекор е итно неопходен заради зачувување на надворешно и безбедносно-политичките интереси на Сојузна Република Германија“, изјави заменикот-портпарол на министерството за надворешни работи, Кристоф Бургер во Берлин.

Според Бургер, „Махан Ер“ транспортирал опрема и војници во завојуваните подрачја на Блискиот Исток. Затоа, според него, во интерес на Германија е да не дозволи воздушен сообраќај во земјата на компании кои ги поддржуваат воените активности во Сирија и придонесуваат за угнетување на луѓето во завојуваните региони. Втора причина за суспензијата, според заменикот -портпарол на германското министерство за надворешни работи, се засилените индикации за поврзаност меѓу „Махан Ер“ и делувањето на иранската тајна служба во Европа, и наводните убиства на ирански инциденти, за кои ЕУ веќе воведе санкции против Иран

Deutschland | Airbus A340-300 der iranischen Fluglinie Mahan Flughafen Düsseldorf
Фотографија: Reuters/W. Rattay

„Махан Ер“, инаку втора по големина иранска авиокомпанија по „Иран Ер“, има 4 лета неделно за Диселдорф и за Минхен. Компанијата ги отфрли обвинувањата против неа. 

Авиокомпанијата со седиште во Техеран, е ставена на американската црна листа на крајот на 2011 година, поради нејзината наводна материјална и техничка поддршка на силите Ал-Кудс, елитни единици на иранската Револуционерна гарда, кои Вашингтон ги смета за терористичка организација.

Американското министерство за финансии од мај 2018 година ѝ се заканува со санкции на секоја земја или компанија која им пружа на двете ирански авиокомпании дозвола за слетување или други услуги.