1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ирак – конференција

30 април 2007
https://p.dw.com/p/Ag8z

Американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс, смета дека е можно да дојде до разговор со иранскиот колега Манушер Мотаки на маргините на планираната конференција за Ирак. Меѓународната конференција за Ирак, инаку, треба да се одржи во четврток и петок во Шарм ел Шеик во Египет. На конференцијата треба да стане збор пред се за простување на долговите, за помошта за обнова на земјата и за безбедносни прашања.