Ирак – Конференција
4 мај 2007Реклама
Учесниците на меѓународната конференција за Ирак во египетското летувалиште Шарм ел шеик, го договорија првите мерки за стабилизирање на земјата. Дел од тие мерки е петгодишниот план донесен во 2006 година кој предвидува зајакнување на безбедносните сили и зголемување на економската помош. Според шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, клуч за стабилноста на Ирак е националното помирување. Притоа, важна е соработката и на соседните држави, изјави Штајнмаер.