1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ирак – Конгрес

24 март 2007
https://p.dw.com/p/AgL5

Американскиот претседател, Џорџ Буш, според барањето на американскиот конгрес, треба да ги повлече американските борбени сили од Ирак уште пред да заврши неговиот мандат, наесен идната година. Ова е најголемиот судир меѓу претседателот и парламентот во досегашното претседателствување на Буш. Тој најави вето.

Претседателот на парламентот, каде мнозинство имаат демократите, Ненси Пелоси, изјави дека американскиот народ ја загубил довербата во начинот на кој претседателот на ја води војната. Ирачкиот потпретседател Тарик ал Хашими денеска уште еднаш предупреди дека американските сили не треба прерано да се повлекуваат до неговата земја, зашто тое не би било од полза ниту за Ирак, ни за интересите на западот.