1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ирак – заложници

20 март 2007
https://p.dw.com/p/AgMR

Судбината на двајцата киднапирани Германци во Ирак и натаму е неизвесна. Портпарол на министерството за надворешни работи во Берлин изјави дека напорите за ослободување на Ханелоре Краузе и нејзиниот син продолжуваат интензивно. Денеска, инаку, истекува ултиматумот што го поставија грабнувачите. Тие се заканија дека ќе ги убијат заложниците доколку Германија не ги повлече своите војници од Авганистан. За време на кусата посета на Рим, германската канцеларка, Ангела Меркел, изјави дека Германија нема да дозволи да биде уценувана.