1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ирак – заложници

20 март 2007
https://p.dw.com/p/AgMC

Со оглед дека денеска истекува ултиматумот на киднаперите, во официјален Берлин расте загриженоста за судбината на двајцата киднапирани Германци во Ирак. Портпарол на министерството за надворешни работи во Берлин изјави дека напорите за ослободување на Ханелоре Краузе и нејзиниот син продолжуваат интензивно. Киднаперите од една радикално исламистичка организација се заканија дека ќе ги убијат заложниците доколку Германија не ги повлече своите војници од Авганистан.

За време на кусата посета на Рим, германската канцеларка, Ангела Меркел, изјави дека Германија нема да дозволи да биде уценувана.