1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ирак доби нова влада

20 мај 2006

Ирак конечно доби нова влада на национално единство, но не во целосен состав.

https://p.dw.com/p/Ac6U
Ирачаните со интерес го следеа изборот во парламентот
Ирачаните со интерес го следеа изборот во парламентотФотографија: AP

Парламентот претпалднево на заседанието во Багдад го поддржа предлог кабинетот на премиерот Нури ал Малики во кој остануваат испразнети двете клучни места, министер за одбрана и внатрешни работи. До нивниот избор, функцијата ќе ја извршува премиерот Малики односно неговиот заменик од сунитската заедница Салам ал Зобаје.

Составот на 30 члениот владиниот кабинет беше потврден на јавно гласање на седницата која почна бурно. Имено дел од сунитските преставници кои имаа забелешки на предлогот незадоволни ја напшуштија седницата. Сесијата беше затворена откако 30 министри и премиерот Малики дадоа заклетва пред светата книга, коранот. Во говорот пред праатениците, новиот премиер нагласи дека ќе работи на зачувување на единството и јакнење на економијата и безбедноста.

Водечката сунитска коалиција, која застапува мнозинство од 50 сунитски пратеници во 275 члениот парламент, остана единствена по заминувањето на дел од преставниците. Американската админситрација очекува дека нивното учество во владата ќе влијае позитивно врз негативниот став на сунитската заедница кон институциите, која беше доминантна за време на владеењето на Садам Хусеин. Седницата на парламентот беше засенета од неколку бомбашки напади во главниот град и околината во кои според агенциски извештаи 24 лица загинале а повеќемина се повредени.