1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ирак вети поддршка за Турција

23 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BvYO

Официјален Багдад вети поддршка за турските власти во борбата против курдските бунтовници во граничниот регион. Министерот за надворешни работи на Ирак, Хошијар Зебари по разговорите во Багдад со турскиот колега Али Бабакан изјави дека не треба да се дозволи влошување на односите меѓу двете соседни земји и најави акција против курдските бунтовници. Бабакан ја повтори желбата на Анкара за мирно решение на кризата. Поддршка за Турција дојде и од Лондон. Британскиот премиер Гордон Браун на разговорите со турскиот колега Реџеп Таип Ердоан ветил поддршка во борбите против борците на ПКК. Ердоан притоа нагласи дека Турција може да преземе акција во секое време.