1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ирак – бесење

20 март 2007
https://p.dw.com/p/AgMS

Точно четири години по почетокот на војната во Ирак, денеска е обесен поранешниот потпретседател на земјата, Таха Јасин Рамадан. Според владини претставници во Багдад, Рамадан е обесен рано изутрината. Тој, исто како и екс-диктаторот Садам Хусеин, беше осуден на смрт поради масакрот врз 148 Шиити на почетокот на 80-тите години од минатиот век. ОН и организациите за човекови права попусто апелираа до ирачкото правосудство да не ја спроведува смртната казна. Рамадан, според сопствената желба, ќе биде погребан во родното село кај Тикрит, покрај Садам Хусеин.