1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ирак – Австралија

5 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BClM

Австралиската влада за прв јавно призна дека еден од мотивите за воениот ангажман во Ирак се обезбедувањето на нафтените резерви. Министерот за одбрана Брендан Нелсон посочи дека обезбедувањето на енергетските ресурси на Средниот исток спаѓа меѓу приоритетните цели на новата одбрамбена стратегија на земјата. Австралиската опозиција веднаш критикуваше дека со оваа изјава владата им противречи на сопствените ставови дека нафтата во никој случај не била мотив за Ирачката војна. Австралија во мигов има уште 1.600 војници стационирани во Ирак.