1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Инцидентите во парламентот на штета на македонските амбиции за доближување до ЕУ

Силвера Падори27 септември 2007

Либералот Рајнер Штинер упати критика за случувањата во македонското Собрание и атаците врз претставниците на медиумите

https://p.dw.com/p/BkMN
Нападите врз претставниците на медиумите сенка во работата на владата - смета либералот Рајнер Штинер

"Сите во Македонија мора да знаат дека ваквите немили случувања им штетат на амбициите на земјата за доближување до Европската Унија. Независно од тоа кој се бил вмешан во инцидентот, генерално не се испраќа добра слика за земјата. Во врска со самиот инцидент, јасно е дека најголемата албанска партија ДУИ која е во опозиција, има тешкотии да прифати дека нејзината соперничка е во Владата. Тоа е едно политичко ривалство и според мене бојкотот на демократски избраниот парламент е погрешниот пат!" . Ги коментира случувањата во Македонија пратеникот од либералната партија Рајнер Штинер. Според него настаната ситуација сигурно претставува една криза. Моделот, партиите кои го чинат малцинството во парламентот да ја бојкотираат работата поради незадоволство од третманот на одредени прашања од страна на мнозинството, е присутен и во други земји. Но, Штинер подвлекува дека тоа не е стил на европскиот парламентарен систем. Секој мора да биде во состојба одлуките на мнозинството да ги прифати и во нивен дух и во рамките на една демократија да работи.

Околу нападите врз претставниците на медиумите во Македонија Рајнер Штинер забележува дека сите случаи треба детално да се испитаат.

"

Доколку се утврди дека била спречена работата на слободниот и демократскиот печат, сигурно дека случувањата ќе фрлат голема сенка врз работата на актуелната влада" - изјави за македонската програма за Радио Дојче Веле либералот Рајнер Штинер.