1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Инфлацијата во Германија се ближи до нулата

ЕМФ/дв12 ноември 2013

Поради намалувањето на цените на бензините и маслото за греење, германските потрошувачи и‘ се радуваат на најниската стапка на инфлација во последните шест месеци.

https://p.dw.com/p/1AFmx
Фотографија: picture-alliance/dpa

Стоките и услугите во Германија, во октомври годинава биле поскапи за само 1,2% во споредба со истиот месец лани, соопшти Сојузниот завод за статистика во Визбаден. Тоа е најниска стапка на инфлација во последните шест месеци. Во септември, на пример, стапката на инфлација изнесува 1,4, а во јули 1,9 проценти.

Со тоа стапката на инфлација во Германија (1,2%) е значително под границата поставена од Европската централна банка, која при инфлација од 2 процента зборува за стабилни цени.

Цените на бензинот и дизелот во Германија се намалени за 6%, додека маслото за греење чини дури 10% поевтино. Наспроти тоа, цените на храната растат. Тие се повисоки за 4,2% во споредба со октомври 2012 година. Овошјето е поскапо 4%, зеленчукот 2,5%, млечните производи и јајцата дури 8,5%. Најголем раст на цените се забележува кај струјата, која е повисока за цели 11,5%.