1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Интервју на Буш за АРД

19 февруари 2005

Американскиот претседател Џорџ Буш непосредно пред почетокот на неговата европска турнеја изкажа воздражана критика врз предлозите за реформи на НАТО што ги искажа германскиот канцелар Герхард Шредер. Тој ќе го посети канцеларот дека НАТО е исклучително важна институција, изјави Буш во интервју за германската телевизија АРД објавено синоќа. На самитот со евроспките сојузници во Брисел, а потоа со Шреде

https://p.dw.com/p/AcHB
Последни консултации пред турнејата во Европа
Последни консултации пред турнејата во ЕвропаФотографија: AP

р во Мајнц, ќе стане збор и за иранската атомска програма, рече Буш во спомнатото интервју.

Џорџ Буш се обиде да пренесе: се радува на европската турнеја на средбата со германскиот канцелар кого најчесто го ословуваше по име. Меѓутоа, на Буш очигледно му е јасно дека неговата прва европска посета по повторниот избор, првата средба со канцеларот Шредер на германска почва по спорото околу Ирак мора да донесе повеќе отколку гестови и убави зборови:

“Легитимно е да се праша: убавите зборови се едно, но што правите конкретно“?

И започна да набројува почнувајќи со борбата против гладот за да дојде до скокотливите теми Сирија и Иран:

“За време на посетата на Германија, ќе разговарам за темите Сирија, Либан и Иран. Всушност има цела низа теми за кои мора заеднички да се работи“.

Околу Иран: вистината според која 70 насто Германци сметаат дека САД планираат воен напад врз режимот на мулите, таа вистина ја прими со насмевка и изјави: само гласишта, погрешни секакако. САД под сите околности ќе се потрудат за дипломатско решение.

Меѓутоа, следуваше укажување и барање до канцеларот Шредер ситуацијата серизно да ја посматра:

“На Герхард и на сите други европски лидери ќе им упатам пофалби ако на Иран му упатат јасна порака“.

Тоа значи: никакво нуклеарно оружје во земјата. Тоа е во заеднички интерес на Германија, Европа и на Американците. Нивоа за кои Американците имаат и друг интерес: посилен ангажман на НАТО, на ЕУ и на Германија, на пример околу Ирак. Но, и во овој случај со пријателско укажување:

“Меѓу пријатели тоа така се одвива. Се прашува: се чувствуваш ли пријатно и каде е твојата граница на толеранција“?

Кога станува збор за границите на Шредер, се чини Буш ги знае:

“Герхард сега се чувствува добро, со тоа што нуди германска обука на ирачките полицајци. Ако сака да направи повеќе, до толку подобро. Германците за одредени работи се вистина многу добри“.

Германска помош за Ирак и притоа американско сознание за желбата на Германците за постојано место во Советот за безбедност? Реакцијата на Буш

“О.К е што го прашувате тоа", вели Буш и додава дека за таа тема нема конечно мислење. Бидејќи претсојната посета е под мотото “хармонија меѓу пријателите“ следуваат комплименти за Германија:

“Европа е битна за иднината на САД,а Германија е важна за Европа. Инаку, јас сум отворен за предлози“.

Рече, се заблагодари, а минутите за интервјуто минаа. Утре претпладне лета за Европа – на средба меѓу пријателите.