Индустриските земји бараат повеќе нафта
29 август 2012Министрите за финансии на „Групата 7“ Г-7, ги повикаа земјите-произведувачи на нафта да го зголемат производството поради сериозниот ризик високите цени на нафатата да ја запрат светската економија. Цената на барел сирова нафта на берзата во Њујорк синоќа достигна 96 долари, за разлика од крајот на јуни годинава кога беше постигната најниската цена годинава од 77 долари за барел.
Во заедничката изјава која ја објави американското министерство за финансии, министрите оценуваат дека растечките цени на нафтата ги одразуваат геополитичките проблеми и проблемите со снабдувањето со сирова нафта.
Цената на нафтата порасна по новиот блок санкции кои му беа воведени на Иран, што доведе до загуба од еден милион барели нафта дневно, а дополнително и ураганот „Ајзак“ го запре производството во Мексиканскиот залив.
Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама најави дека е можно да ги искористи потенцијалите од стратешки државни резерви за да ги одржи цените на пониско ниво.