Индонезија – силен земјотрес
12 септември 2007Реклама
Индонезија денеска ја потресе силен земјотрес од 7,9 степени по Рихтеровата скала. Епицентарот се наоѓал на околу 100 км од западниот брег на Суматра и бил 15 км под морската површина. Силниот земјотрес се почувствува и во главниот град Џакарта одделечен цели 600 км од епицентарот. Властите на Индонезија, Малезија, Шри Ланка и Индија прогласија узбуна од цунами бранови. Во цунами катастрофата во декември 2004-та животот го загубија преку 168.000 лица од повеќе земји во регионот.