1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Индија како лош пример

Petersmann, Sandra / New Dehli (DW) 5 декември 2007

Индија е земја со голем индустриски развој. Но, тој ја става на листата земји кои испуштаат огромна количина на CО2 во атмосферата. Тоа се критикува во новиот извештај за развој на ОН.

https://p.dw.com/p/CXJ9
Голем индустриски подем но и голема количина штетни гасовиФотографија: AP

Сценариото за Индија изгледа доста мрачно. Ако температурата на земјата во просек се зголемува за два степена, ќе се стопат глечерите на Хималаите. Во многу делови на Индија тоа ќе предизвика поплави, што подоцна ќе води кон суши и создавање на нови пустини. Ќе се зголеми опасноста од маларија и истовремено изумирање на голем број животински и растителни видови. Значи познатиот заклучок гласи: оној кој сака да ги запре или барем да ги стави под контрола климатските промени,мора радикално да ја намали емисијата на јаглен диоксид.

Ова важи и за Индија. Но, во таа земја и покрај големиот стопански раст од девет посто годишно, околу половина милион Индијци немаат струја. Во новиот извештај на ОН за развој, Индија поради ова се најде на 128 место, значи во долниот дел на табелата со 177 змеји. Максин Олсен од развојната програма на Светската организација предупредува дека за да се осигура долгорочен развој кој истовремено нема да биде агресивен, индустриските држави мора веднаш да започнат со намалување на јаглен диоксидот, и тоа за 80% до 2050 година.


„Но мора да се признае дека кај земјите во развој има поголема потреба за за енергија. А зголемена потрошувачка на енергија пак е важна за развој и борба против сиромаштијата. Затоа предлагаме на земјите во развој ограничувањето на емисијата на јаглен диоксид да им се воведе дури од 2020 година. Но, во таков случај тие би требало да ја намалат емисијата на ЦО2 за 20%“, објаснува Олсен,


Индиската влада ги отфрла оценките


Но, индиската влада категорично ги отфрла ваквите предлози кои според неа се неправедни. Монтек Сингх Ахувалиа од комисијата за планирање е еден од најважните советници на премиерот Манмохан Сингх. Работи на новиот план национален климатски план кој Индија ќе го претстави на светската конференција за клима која се одржува на Бали.

Суштината на планот е веќе позната: Индија бара праведно распоредување на емисијата на штетни гасови, сметано по глава на жител. „Ако емисијата на гасови е навистина толку голем проблем, тогаш треба сите луѓе рамноправно да го споделат товарот и секој треба да испушта иста количина на гасови.“


Ова е јасна порака на адреса на развиените држави - бидејќи удделот на Индија во глобалната емисија на гасови е низок ако се мери и споредува како емисија по глава на жител. Со еден тон по човек, оваа бројка е дваесет пати помала од онаа која отпаѓа за еден жител на САД.

Но, Ахувалија не може да го игнорира фактот дека Индија без оглед на населението од милијарда луѓе, спаѓа меѓи најголемите светски загадувачи поради што индиската делегација на Бали не настапува со сосема негативен став.

Ахувалија дури ветува:„Може да се обврземе дека никогаш нема да ја надминеме емисијата на штетни гасови по глава на жител од онаа која сега ја имаат развиените држави. Но, ако навистина толку се грижите за светот, зошто не гиискористите вашите пари и знаење за редукција на сопствената емисија гасови. Со нашата подготвеност да се обврземе да не испуштаме гасови повеќе од вас, правиме огромна одстапка и го отфрламе нашиот историски аргумент - дека индустриските најразвиените држави се виновни за климатските промени“.