1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Импичмент: Трамп не сака да сведочи под заклетва

СН/агенции
5 февруари 2021

Во постапката за импичмент против Доналд Трамп, обвинителите го повикаа екс-претседателот да сведочи пред Сенатот. Но, тој одбива и зборува за пропаганден трик на демократите.

https://p.dw.com/p/3ouVP
Washington Donald Trump Rede Ergebnisse Präsidentschaftswahlen
Фотографија: Jim Bourg/REUTERS

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп нема да одговори на поканата да сведочи на судењето за негово отповикување од функцијата во американскиот Сенат, кое започнува наредната недела, изјави неговиот советник Џејсон Милер, оценувајќи го процесот како неуставен.

Демократите во Претставничкиот дом, кои имаат улога на обвинител во претстојната постапка за импичмент на Доналд Трамп во Сенатот, побараа од поранешниот американски претседател да сведочи следната недела за неговите постапки пред стотици негови приврзаници да извршат смртоносен напад врз Капитолот. 

„Вашето писмо го потврдува она што е општо познато: не сте во можност да ги докажете обвинувањата против 45-от американски претседател кој сега е во својство на граѓанин“, стои во одговорот на адвокатите на Трамп, Брус Кастор и Дејвид Шон.

Повеќе:

-Како Трамп со говорот ги манипулира своите приврзеници

-Само исклучување на Трамп од социјалните мрежи- нема да е доволно

-Трамп, оди си од политичката сцена!

Во минатиот месец Претставничкиот дом го отповика Трамп од функцијата под обвинение за поттикнување бунт за време на говорот пред Белата куќа во кој ги повика своите приврзаници да се „борат“ против неговиот пораз на изборите.

Адвокатите на Трамп ги отфрлија обвинувањата оваа недела, тврдејќи дека Трамп „совесно ја извршувал должноста претседател“ и дека неговите тврдења дека бил поразен на изборите поради измама - кои беа неосновани - биле заштитени со првиот амандман на американскиот устав кој гарантира слобода на говор.