1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Има ли Македонија одговор на евентуално грчко вето за НАТО?

Александар Чомовски11 февруари 2008

Во преговорите околу името, македонските власти деновиве соопштија противречни информации. Како би реагирала Македонија доколку Грција стави вето на приемот на земјата во НАТО?

https://p.dw.com/p/D5lT
СкопјеФотографија: Petar Stojanovski

И покрај демантот од Стејт Департментот дека медијаторот во грчко-македонскиот спор, Метју Нимиц, нема нова компромисна формула за решавање на спорот околу името, македонскиот министер за одбрана, Лазар Еленовски кажа дека деновиве се очекува „новиот предлог на Нимиц“, и најави дека треба да се разговара „и со нашите пријатели и со Грците“.

Наспроти ова тврдење на министерот за одбрана, македонската дипломатија не очекува на следната трилатерална средба за проблемот, што треба да се одржи во Атина, во состав Нимиц – Димитров - Василакис и во присуство на Дора Бакојани, медијаторот да соопшти нов предлог за името. Втората неизвесност е дали и како да се реагира на можното вето од Грција за приемот на Македонија во НАТО. Властите во Скопје се се‘ понервозни и за нив е се‘ поизвесно дека Грција ќе го искористи ова свое право во ЕУ, и особено во НАТО. “Постои закана дека ќе биде употребено правото на вето. Овие три или четири недели ќе бидат клучни, но се разбира сите опции се отворени бидејќи дел од работите едноставно мне зависат од нас“, изјави во Минхен шефот на државата, Бранко Црвенковски.

Дали македонскиот државен врв има посебен, таен план за одговор на евентуално грчко вето на приемот на Македонија во НАТО?