1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Има ли лек за кризата со лекови?

15 мај 2010

Во аптеките нема доволно лекови, а граѓаните се затекнати и од новите цени на одредени лекарства кои до неодамна биле поефитни или бесплатни. Надлежните се прозиваат а политичките партии се пресметуваат меѓу себе.

https://p.dw.com/p/NNk4
Фотографија: picture-alliance / dpa

Кризата во македонското здравството деновиве е продлабочена со кризата со лекови.
Младиот скопјанец Влатко Аврамовски го наоѓаме пред вратата на една аптека по уште еден неуспешен обид да го набави лекот што му е неопходен. Вели дека ги посетил сите аптеки во градот но не завршил работа.

„ Сакам да знам ако кризата потрае да побарам фирмата во која работам да не ми плаќа здравствено осигурување туку да ми ги дава парите за да можам лековите да си ги платам во готово“.

Уште поголем проблем има една средовечена госпоѓа. Не сака да зборува пред микрофонот на Дојче Веле, но не крие дека живото на нејзиниот 13 годишен син кој е епилептичар е во опасност бидејќи со денови го нема лекот што му треба. Деновиве нема граѓанин кој излегува задоволен од аптека.

„Тешко е да се најдат лекови“, се жалат граѓаните.

Префрлување на одговорноста

Проблемите во здравствотото кулминираат деновиве со криза во снабдувањето со лекови. Ги нема или се значително поскапени.

Терапија најтешко обезбедуваат хронично болните. Принудени се да одат од една во друга аптека и тоа да трае со денови. Понекогаш безуспешно. Реагира здружението за права на пациентите.

Mazedonien Arzt
Македонските лекари со помали плати поради финансиската кризаФотографија: DW

„Ситуацијата е сериозна и може да се случи да луѓе умрат како резултат на тоа што нема да можат да ја добијат терапијата. Да не го плаќаме сето тоа со живото на пациентите“, изјави Весна Велиќ Стефановска, здружение за правата на пациентите.

Надлежните ја префрлаат одговорноста. Фондот за здравство ги посочува аптеките како виновници, министерството е во мобилна состојба во обид да справи со недостигот на лекови.

“Како министер за здравство нудам решенија за сите предизвици со кои што се соочува здравството, а такви се многу. Пациентите бараат поскапи лекови, кардиохирурзите бараат повеќе пари, психијатрите бараат подобар третман, сите ние бараме посовремени апарати, бараме реконструирани болници и сето тоа можеби и здравјето е бесценето меѓутоа одржување на здравјето чини и треба да се плати“, вели министерот Османи.

Опозицијата обвинува, власта возвраќа

Недостигот со лекови го исориристија партиите за политичка пресметка на сметка на една од најралнливите сфери во макеодонското општество. Опозицијата обвинува дека здравствениот систем е пред распаѓање а владата ги крие долговите од 50 милиони евра во здравството. Со недостигот на лекови преродбата стана опасна по животот на граѓаните, критикува Андреј Петров од СДСМ.

„Аптеките не ги кријат лековите тие имаат за 40 до 60 проценти намален буџет, а и тој намалениот државата го исплаќа со доцнење од 120 дена. Граѓаните за современите терапии треба да доплатат и по 70 проценти со вашиот концепт за референтни цени“, изјави Петров. СДСМ упорно ги штити интересите на веледрогериите и тајкуните, а не интересите на граѓаните, возврати владеачката партија. Цената на лековите е драстично намалена, тврдат во ВМРО ДПМНЕ.

Од вкупно 383 лекарства, Фондот за здравствено осигурување на Македонија обезбеди за своите осигуреници најмалку 209 лекови без доплата.

Со акциониот план за излез од финансиската криза министерството ги намали примањата на матичните лекари, и на вработените во здравството и со тоа се обиде да ги реши проблемите што ги продлабочија огромните долгови на клиниките, недостигот на инсулин и на лекови од позитивната листа.

Автор: Горан Петревски

Редактор: Симе Недевски