1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел се подготвува за копнена офанзива

22 јули 2006

Израелската армија повика на мобилизација и потврди дека неколку помали единици веќе се активни во делови на Либан. Меѓународната заедница во засилени дипломатски напори за мирно решени на кризата која досега однесе во смрт стотици, најголем дел цивили

https://p.dw.com/p/Ac4n
Фотографија: AP

Најмалку 150 локации во Либан биле цел на израелски ракети во последното деноноќие, како дел од акцијата против Хезболах. Израелската армија соопшти дека стрелала врз магацини со оружје, патишта и пзоиции од каде Хезболах ракетира цели во северен Израел. Израел потврди дека веќе три дена нејзини помали единици засемале пшозиции во две села во јужниот дел на Либан. Во тек е мобилизација на резервните сили кои се распоредуваат долж границата, како дел од подготовките големата копнена офанзива. Либанскиот министер за одбрана Елајас Мур предупреди дека доколку Израел преземе копнена офанзива либанската армијата ќе ја брани земјата и ќе докаже дека таа е вредна за респект.

Во меѓувреме генералниот секретар на ОН Кофи Анан предупреди на опасноста од драматична ескалација:

„ Мислам дека ќе има сериозна ескалација, очигледно е дека има тешки борби меѓу Израел и Хезболах и доколку влезат во јужен Либан за да го уништат Хезболах и воспостават како што велат безбедносна зона, за нив можеби ќе биде тоа, но за другите тоа ќе преставува окупација„

Германскиот министер за надворешни работи Франка Валтер Штајнамер попладне заминува за Египет по што вечерва треба да замине за Израел, каде со тамошните власти ќе разговара околу можните начини за решавање на кризата. Утре во Израел треба да допатува и американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, која според најавите треба да се сретне со израеслкито премиер Ехуд Олмерт и палестинскиот претседател Махмуд Абас. Синоќа во Вашингтон таа го повтори ставот на осуда кон постапките на Хезболах:

„Неприфатливо е да имаме ситуација каде одлука на терористичка група може да одведе цела земја дури и цел регион во насилство САД се приклучуваат кон декларацијата на Г8 која беше усвоена во Санкт Петерсбург. Арапските земји предводени од Саудиска Арабија, Египет и Јордан исто така ја критикуваа провокацијата„

рече Рајс и додаде:

„САД го повторува барањето за итно ослободување на двајцата киднапирани израелски војници и Израел кој има суверено право на одбрана, да внимава во акциите со цел да бидат одбегнати цивилните жртви и инфраструктура„

Рајс го поздрави потегот на Израел кој го прифати предлогот за воспоставување хуманитарен коридор и најави активно учество и придонес во акцијата на хуманитарна помош за населението во кризниот регион. Инаку во досегашните напади според информациите загинале 341 либанец и 33ца израелци од кои најголем дел цивили.