1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изостана првиот ценовен шок

Кристијан Баарс4 јануари 2007

Првиот шок од зголемување на цените изостана. Трговијата на мало во Германија на зголемувањето на данокот на додадена вредност реагираше со големи намалувања на цените. Претпријатијата се натпреваруваат кој ќе понуди производи по пониска цена, а муштериите тоа го дочекуваат со задоволство.

https://p.dw.com/p/AeJn
Фотографија: dpa

Некои итаат, други се шеткаат низ пешачките зони во шопинг центрите. Прв работен ден од годината, прв со зголемен данок на додадена вредност од 16 на 19%. Но, луѓето сеуште купуваат. Иако, многумина од нив се лути:

”Едноставно сметам дека е неправедно, зашто тоа го покажува недостигот на досетливот на сојузната влада. Во основа раката постојано се става во џебот на обичните граѓани", вели еден купувач, а друг додава:

”Особено е глупаво што поскапуваат и детските работи, а постојано се говори за политика пријателски настроена кон семејствата.”

Притоа, во речиси ниту една продавница цените не пораснаа преку ноќ. Многу производи се дури и поевтини. Трговците привлекуваат со попусти, впрочем како што е и вообичаено после Божик. За тоа што сега не е се поскапено има и друга причина – дел од угостителите и трговците цените ги зголемија веќе во минатата година, така што зголемувањето на ДДВ го вкалкулираа однапред во цените. Затоа сега многумина економисти предвидуваат дека конјуктурата нема да претпри којзнае колкави штети од зголемувањето на данокот. Претседателот на Сојузот на Фолкс и Рајфајзенбанките, Кристофер Плајстер, вели:

”На мислење сме дека ќе дојде до мало зголемување, по кое потрошувачите ќе фатат чекор и дека потрошувачката и во 2007 година ќе се зголеми за 0,3%, што е повеќе од просекот во последните пет години.”

Некои економисти сепак стравуваат од долгорочни псоледици. Јохан Екоф од Универзитетот во Келн, смета:

”Ќе бидеме сведоци на тоа дека по зголемувањето на конјуктурата или по добрата конјуктура повторно ќе следуваат намалувања. Воопшто и не може да се говори за висока конјуктура, туку за стапки на пораст кои сеуште се многу, многу мали.”

Ваквата прогноза е спорна. Други научници се спротивставуваат велејќи дека германскиот данок на додадена вредност во европски рамки е во средината според неговата висина, а освен тоа за екномијата многу позначајни се извозот и вантрешната конјуктура отколку висината на ДДВ.

Какво влијание на крајот ќе има зголемувањето на ДДВ очигледно никој не може да предвиди со сигурност. Но, едно е сигурно. Возењето преку ноќ стана значително поскапо – железницата ги зголеми цените, а и бензинот чини повеќе. Барем за овие работи човек може со право да се лути.