1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изложбата „Митот Рур“ во Скопје

28 ноември 2010

Есен градот на културата во Европа во 2010 година и целата Рурска област, преку изложбата на фотографии на германскиот уметник Манфред Фолмер беа претставени пред македонската јавност.

https://p.dw.com/p/QKIj
НУБ - СкопјеФотографија: Petar Stojanovski

Во холот на Унизверзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје се прикажуваат 22 фотографии на културната трансформација на германската Рурска област. Изложбата „Митот Рур“, во рамки на манифестацијата „Есен и Рурската област“ европски град на културата за 2010 година, што досега беше претставена во сите поголеми европски центри во Скопје ја донесоа германскиот Гете институт и Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка. Таа е израз на трансформацијата на германското општество, а посебно на трансформирањето на Есен - германскиот синоним на индустрија, техологија и рударство, во колевка на културата, во средина за естетски и уметнички израз, за поинаквото сфаќање на животот.

Од индустриски центар до колевка на културата

Преку 22 фотографии на авторот Фолмер може да се види неговата иновативност да си игра со светлата и боите кога од старите индустриски капацитети, печки, згуришта и хали, преку прецизниот израз прави уметнички дела. „Порано беше познато дека во Рурската област можевте да најде се’, но не и култура. Денес Есен и Рурската област се европски лидери во културата и затоа ја добија честа од ЕУ. Тие денес имаат 100 концертни сали, 200 музеи, дури 19 универзитети и 250 фестивали. Она што е битно да се нагласи е дека има и 1000 индустриски споменици и 120 тетари“, вели Александар Спасов, претседател на Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка, додавајќи дека Есен во рамки на манифестацијата досега организираше изложби, театарски претстави, дефилеа на улиците изложби на архитекурата и трансформацијата на индустриски хали во објекти за јавна употреба, посебно за културни манифестации.

Flash-Galerie Deutschland Kulturhauptstadt Ruhrgebiet Essen Zollverein
Културата во Есен во рамките на манифестацијата градот на културата во Европа во 2010 годинаФотографија: AP

Успешна соработка

Гете институтот директно е присутен во Македонија од пред неколку години со своја канцеларија, како еден од 135-те институти низ светот. Директорот на канцеларијата за врски на институот во Скопје Томас Дикхаус за Дојче веле изјави дека е презадоволен од партнерите во Македонија, Универзитетската библиотека каде има отворено Германска читална и Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка. „Ние се обидуваме да соработуваме колку што е можно повеќе со нашите партнери во Скопје. Нам ни е потребна нивната поддршка, и ние ги поддржуваме, така што доаѓаме до вистинска соработка. Многу е важно да нагласам дека нашата соработка функционира се’ подобро од 2007 година кога Гете институтот отвори канцеларија тука“, вели Дикхаус.

Директорот на Универзитетската библиотека „Св. Климет Охридски“ Миле Бошевски оценува дека соработката со Гете институтот и Германската амбасада во Скопје се извонредни, што го поткрепува со мноштвото досега организирани заеднички активности. „Изложабата на книги, слики и цртежи на Гинтер Грас, потоа изложбата современа илустрација на сликовници во Германија, работилниците за креативно пишување со Карен Сузан Фесел, потоа литературните читања на Улијана Волф и минатата година на Јирген Шубигер, а годинава имавме мултимедијално предавање на Клуас Кемпф од Баварската библиотека во Минхен“, вели Бошевски дополнувајќи дека сите настани го побудија интересот кај македонската публика за германската култура.

Автор: Сашко Димевски

Редактор: Александра Трајковска