1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Излез на Грција ќе значи зголемување на невработеноста во еврозоната

ЕМФ/афп31 август 2012

Доколку Грција ја напушти еврозоната, невработеноста во зоната ќе се зголеми, особено бројот на млади без работа, предупредува Меѓународната организација за труд, ИЛО.

https://p.dw.com/p/161Uy
Фотографија: picture-alliance/dpa

Според Ернст Екехард, експерт од Меѓународната организација за труд ИЛО,, просечната невработеност во 17-те држави на еврозоната, во случај на излегување на Грција од зоната, би се зголемила на 13 проценти. На крајот на 2011. година, според пресметките на ИЛО, невработеноста во Германија изнесувала 10 проценти, а во моментов изнесува околу 7,1 процент. Излез на Грција особено тешко би ги погодил Шпанија и Португалија, кои и онака страдаат многу од кризата.

Доколку еврозоната комплетно се распадне, стапката на невработеност во Германија, според проценките на ИЛО би се зголемила на 11,3 проценти и на тоа ниво би останала неколку години. Франција би морала да смета со невработеност од 17 проценти, а Шпанија со 36,9 проценти. Особено многу би биле погодени младите, категорија во која 59 проценти би биле без работа.

Ernst Ekkehard
Ернст ЕкехардФотографија: DW/A. Lichtenberg

ИЛО бара гаранција за вработување на младите. По најмногу шестмесечна невработеност, ним би морало да им се понуди место за образование низ работа, финансирано од државата, бара Екехард Ернст.

ИЛО е организација за труд на ОН. Таа има 185 членки и ги набљудува условите за работа во нив, но не може да изрекува санкции.