Олстар-тимот на Еуро 2012
29 јануари 2012За најдобар играч на ЕУРО 2012 е прогласен репрезентативецот на Србија, Момир Илиќ. Најдобар одбранбен играч на шампионатот во Србија, според ЕХФ пак е Виран Морос од Шпанија.
Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров е прогласен за најдобар стрелец на Европското првенство во Србија со 61 гол. Воедно тој сега е најдобар стрелец во историјата како на европските така и на светските шампионати .
Во тимот на шампионатот пак се избрани: Дарко Станиќ (Србија) – голман, Валур Гудјон Сигурдсон (Исланд) – лево крило, Микел Хансен (Данска) – лев бек, Урош Зорман (Словенија), Рене Тофт Хансен (Данска) – пикер, Марко Копљар (Хрватска) – десен бек, Кристијан Шпренгер (Германија) – десно крило.
Автор: СН/ АТ/ миа/ ехф
Редактор: А. Трајковска