Избрани четворица членови на Судскиот совет
5 октомври 2007Реклама
Собранието на Македонија избра четворица од петте членови на Судскиот совет. Еден од двајцата предложени кандидати на претседателот Бранко Црвенковски не ја доби поддршката, а беше критикуван и од ДУИ.
Самата дебата до доцна синоќа внесе нова пратеничка нервоза. Острата полемика предизвика и критика меѓу позицијата и опозицијата.
Гласањето за новите четворица членови на Републичкиот судски совет го бојкотираше ДУИ.