1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изборна кампања во сенка на тероризам

Дафне Гратвол/ Александра Трајковска 23 март 2012

На француските власти им беше познат, но и покрај тоа Мохамед М. уби седум лица, пред да го застрела полицијата. Исламистичкиот терор ја тресе Франција и тоа среде изборна кампања.

https://p.dw.com/p/14Pzy
Фотографија: dapd

Франција е погодена од терористичката серија, во која седум луѓе, меѓу нив три еврејски деца, еден рабин и тројца француски војници го загубија животот. Во кризата изборната кампања паузираше. Претседателот и неговиот најголем предизвикувач се однесуваат државнички: на дневен ред се посети во синагоги и училишта на местото на злосторството. Никола Саркози и Франсоа Оланд со сериозни лица и одлучни гести демонстрираат, дека случувањата во Тулуз имаат апсолутен приоритет.

Изборната кампања треба да паузира, и сепак продолжува: претседателката на десничарската партија Национален фронт, Марин Ле Пен, во средата подвлече, „фундаменталистичкиот ризик“ во Франција бил потценет. На овој начин се обиде да извлече корист од атентатите и евентуално растечка исламофобија. Според една студија на Институтот за истражување на јавното мислење ИФОП од декември 2010 година 42 проценти од луѓето во Франција го гледаат исламот како опасност за нивниот национален идентитет.

„Динамиката е на страната на Саркози“

Политичките набљудувачи сметаат дека атентатите од Тулуз ќе ги зајакнат задршките на многумина Французи против исламот. Од друга страна станува збор за дело на поединец, вели историчарот Етин Франсоа од Францускиот центар при Слободниот универзитет Берлин. Освен ова муслиманските здруженија во Франција веднаш и сосема јасно се дистанцираа од делата.

Prof. Dr. Etienne François
Историчарот Етин ФрансоаФотографија: Privat

Трендот за актуелниот претседател Никола Саркози, според анкетите, во моментов е позитивен: во првата анкета по атентатите во првиот изборен круг би освоил 30 проценти - два проценти повеќе од неговиот предизвикувач Оланд. „Динамиката е на негова страна“, оценува експертот Франсоа.

Кратко откако беше застреалан атентаторот Саркози најави заострување на анти-терористичките закони: оние што проповедаат омраза преку интернет и нивните приврзаници ќе бидат казнувани исто како и луѓето како Момхамед М. , кои се радикализираат во странство.

„Напад врз армијата, училиштата и лаицизмот“

Атентаторот нападна три важни институции во Франција, појаснува историчарот Франсоа: армијата, долго време „училиште на нацијата“, но и училиштето и лаицизмот. Оттука Франција е сконцентрирана кон себе и во овој момент не се прават споредби со други терористички акти - на пример со оние во Велика Британија. Во 2005 година Британци со пакистанско потекло извршија напади во Лондонската подземна железница. Овде се поставува прашањето, дали доаѓа до израз т.н. „Homegrown Terrorism“ - радикализирани сторители со странски корени извршуваат напади во земја во која се израснати?

Дали атентаторот од Тулуз е еден ваков случај? Требаше ли надлежните уште претходно да увидат паралели? Експертот за безбедност Јоахим Краузе, раководител на Инстиутот за безбедносна политика смирува: „Потребно е да се зголеми координацијата на европско ниво, кога веќе групите сторители оперираат транснационално и се обидуваат да го отежнат нивното следење“, смета Краузе. Меѓутоа Мохамед М. очигледно не беше вмрежен туку поединец кој агирал локално.

Frankreich Terror Mohamed Merah Toulouse Fernsehansprache Nicolas Sarkozy
Претседателот Никола СаркозиФотографија: Reuters

Сепак атентатите може да бидат судбоносни за Саркози: Состојбата на младите Французи со северноафрикански корени, кон кои припаѓаше и атентаторот од Тулуз, го следи Саркози уште од 2005 година. Тогаш уште како министер за внатрешни работи, сакаше да ги употреби машините за чистење со висок притисок против луѓето, кои за време на немирите во француските предградија протестираа насилно против нивната безперспективност. Предградјата и по првиот претседателски мандат на Саркози останаа жаришта со висока невработеност.

Оланд сепак во предност

Дека случувањата од Тулуз ќе извршат сигнификантно влијание врз Французите со муслиманско потекло на престојните избори, Етин Франсоа не верува во тоа: „Нивните гласови, традиционално ги распоредуваат врз целиот политички спектар, иако нешто повеќе добиваат левичарските партии.“

Francois Hollande Kandidat Präsidentschaftswahl
Претседателскиот кандидат Франсоа ОландФотографија: picture-alliance/dpa

Откако атентаторот вчера беше застрелан, наскоро ќе се врати секојдневието „Иако роднините нема да можат да ја преболат загубата, сосема е разбирливо дека по извесен период останатото население ќе ги заборави случувањата“, вели експертот за безбедност Краузе.

Најдоцна тогаш ќе продолжи изборната кампања, уверен е Етин Франсоа. Тој, како и анкетите смета дека предизвикувачот Оланд ќе има предност по вториот круг избори „ За вториот изборен круг, Оланд има многу повеќе резерви отколку Никола Саркози“, смета Франсоа, оти поголем избирачки потенцијал има лево од центарот, на него погала Оланд, во споредба со потенцијалот десно од центарот, на која карта игра Саркози.