1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Избори во Унгарија

9 април 2006

Околу шест милиони избирачи денеска треба да гласаат за новиот состав на Парламентот

https://p.dw.com/p/Ac7W
Зградата на Унгарскиот парламент во Будимпешта
Зградата на Унгарскиот парламент во БудимпештаФотографија: AP

Изборната борба,како и што се стравуваше,се покажа остра,двата непомирливо спротиставени табори се бореа за секој глас:владеачките Социјалисти и опозиционата Граѓанска алијанса со нивните кандидати:Ференц Ѓурчањ и Виктор Орбан.И двајцата политичари потекнуваат од село,се на иста возраст,веќе ја извршувале должноста премиер и двајцата се динамични и решителни.Премиерот Ѓуртчањ се потпира на она што веќе е досега направено:

-Ние сме горди на тоа што земјата се движи,што на стотици илјади и милиони луѓе им с еврати надежта дека во Унгарија ќе се живее подобро.

45 годишниот мултимилионер ја доби власта во септември 2004 година по еден спорен внатрешнопартиски пуч од премиерот Петер Меѓеши.Ѓурчан не ги разочара бунтовниците во својата партија и ги изведе Социјалистите од назадувањето,зашто тие пред две години беа далеку зад Граѓанската алијанса.Сега тој има шанса да ги добие изборите:

-Изборите ќе бидат донесување одлука. Или ќе направиме чекор напред или ќе се вратиме назад.Јас предлагам:треба да направиме чекор напред,на пат кон заедничката работа,одговорност,успех.На пат кон мирен,храбар и паметен компромис.

Социјалистот сака силна држава,која ќе биде ефикасна и конкуретнно способна.Ѓурчањ секогаш повторно ги потенцира високите вредности на социјалната правда и засилувањето на демократските вредности.Тој многу ветува:повисок животен стандард ,перспектива за социјално послабите и пред се работни места,зашто дунавската земја во споредба со ЕУ- просекот не стои лошо:просечната невработеност изнесува 7,3 проценти.

Неговиот предизвикувач Виктор Орбан,кој беше министер меѓу 1998 и 2002 година,ветува дури и целосна вработеност.За таа цел тој планира големи промени,кои се нужни според него по четири години солијалнолиберално владеење:

-Унгарија се помири со тоа да живееме полошо,да треба да се радуваме што состојбата е само малку полоша отколку што беше вчера.

43 годишниот верува дека го знае вистинскиот рецепт:на Унгарија и треба влада на солидарност,солидарна држава:

-Нам не ни требаат ветувања,туку решенија.Храбро треба да признаеме дека нам веќе еднаш ни успеа да ја доведеме во ред унгарската економија.Имаме докажани решенија.Ќе ги примениме ако ја добиеме довербата.

Орбан сака со своето солидарно пазарно стопанство да стави крај на дивиот капитализам.Притоа дава ветувања:зголемување на пензиите,пониско придонеси за работниците и намалување на данокот од примања.Од тоа би требало да профитираат пред се семејствата и малите претпријатија.

Додека граѓаните се радуваат на изборните подароци,финансискиот свет со загриженост гледа на Унгарија и го поставува прашањето:кој ќе ги финансира ветувањата?Всушност,финансиските рамковни услови се неповолни:во 2005 година буџетскиот дефицит беше 6,1 процент од брутовнатрешниот производ,а долговите ја достигнаа границата дозволена со Маахстришкиот договор.