1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изборите во Нигерија проследени и со насилство

21 април 2007
https://p.dw.com/p/AgC0

Во Нигерија течат изборите за нов претседател. Повеќе од 60 милиони граѓани со право на глас треба да изберат наследник на актуелниот шеф на државата Олесегун Обасанџо. Како фаворити за победа важат гувернерот Умару Јарадуа кој има подршка од Обасанџо и опозицискиот политичар Мухамаду Бахари. Неколку часа пред отворањето на избирачките места , полицијата успеала да спречи напад врз Државната изборна Комисија . Денеска се гласа и за новиот состав на парламентот на Нигерија.