Изборите во Кенија со насилство
4 март 2013Дали меѓу жртвите во нападите во Момбаса има и цивили, се‘ уште не е јасно. Шефот на полицијата Џеред Ојук изјави дека за нападите е одговорна сепаратистичката група Републикански Совет Момбаса (МРЦ). Групата претходно се закани дека ќе го спречи одржувањето на изборите во Кенија. Властите во Најроби во регионот на Момбаса испратија 400 дополнителни полицајци за да ја стават состојбата под контрола.
Денеска (04.03) во Кенија се одржуваат претседателски и парламентарни избори. Претседателот Мваи Кибаки, кој веќе нема право да се кандидира, како и други политичари, апелираа до населението да спречи повторување на насилство какво што имаше по изборите во 2007 година. Тогаш беа убиени 1200 луѓе, а во бегство беа повеќе од половина милион луѓе.
Многумина Кенијци чекаа од рано изутрина во долги редици за да го дадат својот глас. На претседателските избори се очекува трка рамо до рамо на премиерот Раила Одинга и неговиот заменик Ухуру Кенијата.