1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иванов: Кризата не треба да биде оправдување за Грција

18 јануари 2012

Актуелната состојба во спорот за името меѓу Скопје и Атина во пресрет на Самитот на НАТО во Чикаго била главна тема на средбата меѓу македонскиот претседател Иванов и заменик-помошникот државен секретар на САД ,Рикер.

https://p.dw.com/p/13lNx
Од денешната средба Иванов- РикерФотографија: MIA

Кризата го Грција не треба да биде оправдување за тамошните власти за одбегнува иницијативи за надминување на спорот за името, порачал шефот на македонската држава  Ѓорге Иванов на денешната (18.01.2012) средба со американскиот заменик-помошник државен секретар  Филип Рикер. Македонскиот претседател оценил дека има недостаток на волја кај грчката страна за ангажман за надминување на отвореното прашање.

Незадоволство од прекинот на директните средби

„Како загрижувачки развој на настаните, претседателот Иванов го посочи
недостатокот на волја кај грчкото раководство сериозно да се ангажира за
надминување на ова прашање. Претседателот Иванов истакна дека објективните политички и економски проблеми со кои се соочува Грција не треба да се оправдување за грчкиот политички врв да одбегнува иницијативи за изнаоѓање на заемно прифатливо решение“, стои во соопштението од кабинетот на Иванов. Македонскиот претседател покрај тоа изразил незадоволство од одлуката на грчките власти да ја прекинат практиката на директни средби на високо ниво меѓу двете држави. Тој очекува Грција да покаже одговорен однос и конструктивност  конструктивност и во целост ќе ја почитува Времената спогодба и пресудата од Хаг“, велат од кабинетот на Иванов.

Gjorge Ivanov Ivanov und griechischer Ministerpräsident Jorgos Papandreou
Иванов е незадоволен од прекинот на директните средби со грчкото раководство (на сликата со поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу)Фотографија: MIA

Рикер ја фали реакцијата на пресудата во Хаг

Рикер, пак, од своја страна ја поздравил македонската реакција на пресудата
Меѓународниот суд на правдата во Хаг, што според него придонело за
подобрување на атмосферата за надминување на спорот.
„На средбата беше повторен официјалниот став на САД кој останува непроменет.Вашингтон силно ја поддржува евроатлантската интеграција на Република Македонија, дека ги исполнува условите за членство, дека двете страни се охрабруваат да дојдат до заемно прифатливо решение со што ќе се деблокира интеграцијата во Алијансата“, соопшти кабинетот на шефот на државата. Рикер покрај тоа нагласил дека македонската реакција на пресудата беше за поздравување и придонесе кон создавање на подобра атмосфера за надминување на спорот. Двајцата соговорници констатирале  дека двете земји ќе продолжат тесно да соработуваат во насока на реализација на крајната цел,
полноправно членство во Алијансата. Рикер во тој контекст го поздрави
долгогодишниот ангажман и високиот професионализам на македонските мировници во меѓународните мисии.

Автор:СН/ЖА/миа/макфакс

Редактор: Жана Ацеска