1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иванов е разочаран од изјавите на Јеремиќ

19 ноември 2009

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов е длабоко разочаран од изјавата на српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ дека Белград го поддржува грчкиот став за спoрот за името на Република Македонија.

https://p.dw.com/p/KbDj
Ѓорге ИвановФотографија: Petr Stojanovski

Оценката на Иванов за агенцијата МИА ја пренесле претставници на кабинетот на шефот на македонската држава. Иванов ,денеска во Белград присуствуваше на погребот на српскиот патријарх Павле, на лична покана на претседателот на Србија Борис Тадиќ. Од кабинетот на Иванов информираат дека посетата Иванов ја остварил со желба да даде личен придонес во добрите односи меѓу двете земји. Оттаму изјавата на шефот на српската дипломатија Јеремиќ ја оценуваат како „несреќна”. Иванов, воедно, изразува жалење што изјавата на Јеремиќ се совпаднала со поканата на претседателот Тадиќ за посета на Србија и за присуство на погребот на патријархот Павле.

По изјавата, македонскиот претседател го откажал присуството на приемот во Белград, организиран од министерот Јеремиќ за сите високи политички гости. Иванов треба да се сретне со претседателот Тадиќ, а претходно имал средба и со црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, со кого разговарале за интеграциските процеси на двете земји.

Шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ, вчера по средбата со грчкиот заменик министер за надворешни работи Димитрис Друцас, рече дека Србија го поддржува ставот на Грција во спорот за името на Македонија и оти Атина може да смета на поддршка од Белград во однос на тоа прашање.

Автор: ЖА/ЕМФ/миа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска