1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ИАЕА бара транспарентност од Јапонија

18 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BJOe

Меѓународната агенција за атомска енергија изрази подготвеност да им помогне на јапонските власти во истрагата за истекувањето на радиоактивно гориво од нуклеарната централа во Кашивазаки, кој беше погоден од силен земјотрес. Шефот на ИАЕА Мохамед Ел Барадеи го предупреди Токио да биде транспарентен во истрагата за инцидентот.