1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зошто има малку македонски брендови?

8 мај 2011

Мал број домашни заштитени марки, уште помалку брендови, се познати на странските пазари. Причината за ова експертите ја гледаат во малиот увозно зависен пазар и неспособноста на македонските менаџери.

https://p.dw.com/p/117Ar
Македонскиот пазар е мал, а фирмите се задоволуваат со него
Македонскиот пазар е мал, а фирмите се задоволуваат со негоФотографија: Petr Stojanovski

Во две децении самостојност Македонија создаде неколку десетици брендови, но и тие тешко се пробиваат на странските пазари. Едно неодамнешно истражување покажа дека меѓу првите 25 брендови од земјите од поранешна Југославија нема ниту еден македонски. Зошто е тоа така? Дали е во прашање неспособноста на менаџерите кои наместо глобално размислуваат и функционираат локално? Или пак од малата и слаба економија и не може да се очекува повеќе? Валентин Пепељуговски од Асоцијацијата за заштита на интелектуалната сопственост за Дојче веле објаснува дека непрепознатливоста на македонските брендови се должи на малата застапеност на домашните производи на глобалните пазари. Менаџерите на македонските компании се задоволуваат со она што го имаат, со профитот што го остваруваат на македонскиот пазар. Заземените позиции не сакаат да ги нарушат и затоа најчесто не се ни обидуваат да се прошират надвор.

Mazedonien Land und Leute
Фотографија: Petr Stojanovski

„Не можете да излезете на пазарот на ЕУ со логото произведено во Македонија ако за себе не изградите доволно силен бренд. Македонија во последната анализа има дефинирано само 54 генерички брендови кои можеме да ги понудиме како наши сериозни брендови“, вели Антони Пешев од Стопанската комора на Македонија.

Во Македонија полесно се прави бизнис ако се промовира странски бренд. На мал пазар како македонскиот по дефиниција има повеќе производи однадвор, бидејќи станува збор за увозно-ориентирана земја. Тоа е една од причините што ги намалуваат шансите на домашните производи да станат глобално познати брендови.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска