ЗНМ подготвен на дијалог со власта
4 март 2013Здружението на новинари на Македонија е подготвено да го обнови дијалогот со властите штом се расветли инцидентот со новинарите од 24 декември и се утврди одговорност за оној што го нареди нивното исфрлање од собраниската галерија.
Ова е ставот на ЗНМ, откако со петочниот договор за надминување на политичката криза беше изразена подготвеност за продолжување на дијалогот на властите со новинарите.
„ЗНМ, како легитимен претставник на новинарите, е подготвено да го обнови дијалогот штом надлежните институции го расветлат инцидентот со новинарите и утврдат одговорност за оној што го нареди нивното исфрлање од собраниската галерија. Со тоа ќе се покаже дека во Македонија се почитува слободата на изразувањето и дека секое прекршување ќе се казни.
Потсетуваме дека целта на дијалогот беше да ја зајакнеме слобода на изразување и во никој случај не може да биде покритие за нејзиното прекршување“, велат од ЗНМ.