Зијадин Села е градоначалник на Струга
13 април 2013По целодневна расправа Државната изборна комисија доцна синоќа ги одби сите 231 приговор на СДСМ, како и 15 приговори на ВМРО-ДПМНЕ, за гласањето во Струга. Членовите на ДИК прифатија само два приговори за ВМРО-ДПМНЕ за Струга, но бројот на гласови во овие две избирачки места не може да влијае на изборниот резултат, бидејќи разликата меѓу двајцата кандидати за градоначалник на Струга е околу 5.000 гласа.
Расправата во ДИК за приговорите за Струга започна и заврши тензично. Синоќа, откако беа прифатени два приговори за Струга, членовите во ДИК, од ДУИ и ДПА обвинија дека се гласа по етнички клуч. Владимир Кочовски, заедничкиот кандидат на двете најголеми македонски партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, има освоени 15,276 гласови, а Зијадин Села од ДПА, зад кого застанаа сите албански партии, освои 20.770 гласови.
Државната Изборна Комисија со вчерашната седница ја заврши својата работа за локалните избори во Македонија. Согласно законот, партиите имаат рок од 48 часа по одлуката на Државната изборна комисија во врска со приговорите за локалните избори. Одлуките на Управниот суд се конечни.