1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Земјотрес во Јужна Азија

26 декември 2004

Силен земјотрес во Јужна Азија предизвика поплави во повеќе земји во регионот во кои загинаа околу 2500 луѓе.

https://p.dw.com/p/AcIq

Потресот под Индискиот океан пред островот Суматра денеска предизвика големи бранови и бројни жртви.До десет метри високите бранови носеа со себе луѓе од регионот,рибари и туристи. Илјадници се водат сеуште како исчезнати.

Земјотресот според мерењата на американската станица за земјотреси во Колорадо имал сила од 8,9 степени според Рихтер,со што е еден од најтешките во светот во последните 40 години.Неговиот центар е на 40 километри под морското дно пред бреговите на Суматра.Повеќето дополнителни потреси достигнаа сила и до 7 степени.

Заплиснувачкиот бран предизвикан од големиот земјотрес своите најголеми размери ги достигна на 1600 километри западно од епицентарот.Само во Шри Ланка бројот од илјада загинати постојано се качува,а илјадници куќи се разурнати.Болниците во многу места не се во состојба да ги прифатат повредените.Пристаништето во главниот град Коломбо е затворено откако водата го поплави.

Земјотресот предизвика стотици жртви и во Индија.

Поплавата во Тајланд зафати повеќе туристички региони на југот на земјата.Неколкумина туристи загинаа,а повеќе се водат за исчезнати.Брановите пред бреговите на Тајланд биле високи до четири метри.

За бројни загинати,меѓу нив и туристи исто така се јавува и од Малезија.

Во Малдивија пак е поплавен меѓународниот аеродром.

Портпаролот на владата оттаму јави за крајно критична состојба.Поплавени се три четвртини од главниот град.

Најтешката поплава од поново време предизвикана од земјотрес се случи во 1998 година,кога три Цунами ги заплиснаа бреговите од Папаја ,Нова Гвинеја,при што загинаа 2500 лица.